ОФИЦИЈАЛНО: Барса го врати назад Дани Олмо, „трие раце“ и хрватски Динамо

Жоан Лапорта и управата на Барселона исполнија една од големите желби. Во Каталонија конечно се враќа нивното „дете“, Дани Олмо, кој доаѓа од РБ Лајпциг и потпиша договор со важност до 2030 година. 

Клубот официјално го потврди трансферот и го претстави новото засилување, а навивачите се презадоволни што во тимот ќе го имаат одличниот Олмо, кој беше еден од најдбрите поединци на Европското првенство во Германија

Минатите четири сезони ги мина во Лајпциг, а претходно блесна во дресот на Динамо Загреб, каде одигра 80 мечеви и постигна 20 голови. Хрватскиот гигант исто така „трие раце“ од овој трансфер, затоа што според старата клаузула, му следуваат 20% од следниот премин на Олмо. 

Шпанецот во младинските категории беше дел од Барселона, па сега конечно се враќа на местото каде ги направи првите чекори и се очекува да биде од голема корист за ростерот на Ханси Флик

Олмо летово се закити со златниот медал од Европското првенство, каде ѝ помогна на својата Шпанија со вкупно три постигнати голови. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.