ОФИЦИЈАЛНО: Барса го позајми Мунир во Севиља до крајот на сезоната

Севиља и Барселона го завршија трансферот на Мунир Ел Хадади, откако вечерва во Каталонија беше договорена позајмица на 23-годишниот напаѓач кој не добива шанса кај Ернесто Валверде. 

Преминот до крајот на сезоната, Севиља ќе ја чини нешто повеќе од еден милион евра, но без задолжително право на откуп. Сезонава во сите три натпреварувања, Мунир одигра 392 минути и постигна два гола.

Со доведувањето на Мунир, веројатно пропадна трансферот на Алваро Мората на „Рамон Санчез Писхуан“. На официјалната веб страница на клубот беше официјализиран преминот на австрискиот дефанзивец Максимилијан Вебер.