ОФИЦИЈАЛНО: Баерн Минхен купи португалски репрезентативец од Фулам

Како што веќе некое време беше познато, Баерн Минхен го официјализира и трансферот на Жоао Палиња од редовите на Фулам. 

29-годишниот репрезентативец на Португалија настапува на позицијата дефанзивен играч за врска, а во Баерн доаѓа од премиерлигашот за 51 милиони евра. Палиња беше официјално претставен во клупските простории на баварците и потпиша договор до јуни 2028 година. 

Португалецот се претстави на големата сцена играјќи одлично за Фулам во Премиер лигата. Минатата сезона беше еден од главните фудбалери на клубот од „Крејвен Котиџ“ и го привлече вниманието на гигантите. Баерн ја победи конкуренцијата и го доведе Палиња во своите редови. 

Освне за Фулам, Палиња настапуваше за Брага, Белененсес, Мореиренсе и Спортинг во родната земја. На Европското првенство играше за Португалија на четири натпревари, а беше стартер на двата нокаут дуели. Непосредно пред Палиња, Баерн го промовира и потписот со Мајкл Олисе од Кристал Палас.