ОФИЦИЈАЛНО: Баерн го засили средниот ред со Куизанс од Борусија Менхенгладбах

Баерн засилување

Киксот на стартот од новата сезона ги натера фановите на Баерн Минхен гласно да бараат нови засилувања.

Првото, од двете предвидени до крајот на преодниот рок, беше претставено денес. Креативецот Мишел Куизанс потпиша договор на пет години со баварската екипа.

Трансферот е во висина од десет милиони евра кои ќе завршат во касата на Борусија Менхенгладбах.

Се работи за млад и талентиран играч кој има 20 години и кој пред да се пресели во Бундеслигата настапуваше за Нанси.