ОФИЦИЈАЛНО: Аврамовски година ипол во турски Игдир

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски и официјално има нов предизвик во кариерата, но останува во втората турска лига. Негов нов клуб е тимот на Игдир, со кој си подаде рака на договор кој ќе има важност до јуни 2026 година. 

Искусниот фудбалер од средниот ред пред само неколку седмици се раздели со Болуспор и се реши да ја прифати понудата на Игдир, тим кој што се бори за опстанок во втората турска лига. Аврамовски полусезоната во дресот на Болуспор ја заврши како трет најдобар стрелец во лигата. Зад своето име запиша девет гола и четири асистенции. 

Македонскиот интернационалец во Турција пристигна од редовите на Сараево, каде одигра 45 натпревари и постигна пет гола. Освен за овие клубови, кариерата на Аврамовски тргна преку Работнички, па играше за Македонија Ѓорче Петров пред да се пресели во Црвена Звезда. Во Србија беше дел и од ОФК Београд и позајмен во Војводина од словенечка Олимпија. Потоа следеше кам-бек во ПМФЛ и добри настапи за Вардар, пред трансферот во Турција.

Во кариерата Аврамовски има и осум настапи за сениорската репрезентација на Македонија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.