• Иван Димовски
Астон Вила го потврди ангажманот на швајцарскиот репрезентативец Јохан Манзамби, кој пристигнува од Фрајбург во трансфер вреден 70 милиони евра, што претставува нов клупски рекорд.
Welcome, Johan pic.twitter.com/70VtD44D5X
— Aston Villa (@AVFCOfficial) July 17, 2026
20-годишниот офанзивец зад себе има одлична сезона во дресот на Фрајбург, каде одигра 47 натпревари, постигна седум гола и запиша девет асистенции. Тој беше еден од најзаслужните за пласманот на германскиот клуб во финалето на Лигата на Европа, а беше прогласен и за најдобар млад фудбалер на натпреварувањето.
Манзамби остави силен впечаток на Светското првенство, каде на четири натпревари постигна три гола и забележа две асистенции, пред повредата да го спречи да настапи во дуелите против Колумбија и Аргентина.
Астон Вила новата сезона во Премиер лигата ќе ја отвори на 23 август со гостување кај Брајтон.

