• Иван Димовски
Арсенал официјално го потврди ангажманот на Бруно Гимараеш, кој по четири и пол години во Њукасл ќе ја продолжи кариерата во Лондон.
Бразилскиот репрезентативец потпиша долгорочен договор со „топџиите“ и веднаш ќе им се приклучи на новите соиграчи. Во Арсенал ќе го носи дресот со број 39, а за неговите услуги тимот од „Сент Џејмс Парк“ ќе инкасира повеќе од 87 милиони евра.
Our warrior.
Welcome to The Arsenal, Bruno Guimaraes
— Arsenal (@Arsenal) August 8, 2026
Гимараеш во професионалниот фудбал влезе во 2015 година во Аудакс, а потоа настапуваше за Атлетико Паранаенсе, со кого освои четири трофеи. Во јануари 2020 година направи трансфер во Олимпик Лион, каде што дополнително го потврди својот квалитет на европската сцена. Две години подоцна следуваше преселба во Њукасл. За англискиот клуб одигра речиси 200 натпревари, а во 2025 година го освои Лига купот. Во периодот во кој Гимараеш беше дел од тимот, Њукасл двапати обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
На репрезентативен план, 28-годишниот играч има 48 настапи за Бразил. Беше дел од составот на Светското првенство и Копа Америка, додека со олимписката селекција на Бразил го освои златото во Токио во 2021 година.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








