• Иван Димовски

Јужноамериканските земји Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднесоа кандидатура за домаќинство на Светското првенство во 2030 година. Светскиот првак, заедно со уште три соседни земји ќе ги дочека најдобрите на стартот на новата деценија, откако следниот Мундијал е закажан за 2026 во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Кандидатурата на овие земји е навистина поткрепена. Се работи за стогодишнина од првото Светско првенство кое во 1930 година се одржа во Уругвај. Така, фудбалскиот свет би се вратил таму каде што сè започна, би се играло и во Аргентина која е позната фудбалска нација, меѓутоа и останатите две земји имаат голема култура за овој спорт.
Покрај кандидатурата на јужноамериканците која веќе е официјална, се споменува и подготовка на Шпанија и Португалија да дејствуваат заедно со цел Мундијалот да се одржи во Европа. Иако тоа би било трето Светско првенство во низа надвор од „стариот континент“, сепак поради јубилејот на Уругвај, би можело да биде доделено на овој дел од светот.