• Саше Љолес

Манчестер Сити се пофали со ново засилување за следната сезона. Англискиот премиерлигаш го доведе во своите редови Алжирецот Рајан Аит-Нури, кој пристигна од екипата на Вулверхемптон.
„Граѓаните“ за неговите услуги исплатија четириесет милиони евра и потпишаа петгодишен договор со новата аквизиција. Нури одигра 114 натпревари за „волците“ и постигна осум гола, а најдобро се снаоѓа како лев бек или лево офанзивно крило.
„Неизмерно сум горд што потпишав договор со овој прекрасен клуб. Тука ќе имам можност да го покажам својот талент и да напредувам како фудбалер. Потенцијалот на тимот е огромен, се надевам дека и јас ќе придонесам за успешни резултати и трофеи“, рече новото засилување.
Аит-Нури ја започна кариерата во вториот и првиот тим на Анжер од Франција, а потоа мина четири сезони во Вулверхемптон. За репрезентацијата на Алжир досега има впишано седумнаесет настапи.
ФОТО/PHOTO: Manchester City FC
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.