• Саше Љолес
Она што вчера беше најавено, денес доби и официјална потврда. Александар Трајковски е нов фудбалер на Локомотива Загреб, каде ќе настапува најмалку до крајот на тековната сезона.
Вториот најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација подолго време беше без клуб, но сега се враќа во позната средина, каде се очекува да биде повеќе од солидно засилување.
Трајковски остави белег во Хрватска како играч на Хајдук и Интер Запрешиќ, а ова за него ќе биде прва етапа во тимот на Локомотива, од каде веќе му посакаа добредојде, со надеж за успешни настапи во нивниот дрес.







