• Горан Упале
Масимилијано Алегри и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Наполи. Искусниот италијански стратег го презема гигатот од јужна Италија и ќе ја предводи екипата во наредните две сезони, заменувајќи го Антонио Конте.
За 58-годишниот Алегри ова ќе биде нов голем предизвик во кариерата, откако претходно ги водеше Милан и Јувентус, со кои освои повеќе титули во Серија А, Купот на Италија и Суперкупот.
Наполи со неговото назначување сака да остане во самиот врв на италијанскиот и европскиот фудбал, а претседателот Аурелио де Лаурентис се реши токму за еден од најтрофејните италијански тренери како наследник на Конте.
Во конкуренција за нов тренер се споменуваше и Винченцо Италијано, но искуството на Алегри беше пресудно Наполи нему да му ја додели довербата.

