ОФИЦИЈАЛНО: Агон Елези потпиша за албански Скендербег

Младинскиот репрезентативец Агон Елези денес официјално беше претставен како нов фудбалер на албанскиот Скендербег.

Еден од најголемите клубови во нашиот западен сосед денес го претстави Елези, кој ги мина лекарските прегледи и се обврза на верност од една сезона со некогашниот првак на Албанија.  

Елези поникна во Шкупи, настапуваше во младинските категори на француски Каен, а минатата сезона беше дел од второлигашот Влазерими од Кичево.

Со потписот на Елези се зголемува македонската колонија во Албанија. По првите три кола Скендербег има две победи и еден пораз и собра шест бода.