ОФИЦИЈАЛНО: Адили го напушти Шкупи и потпиша за Влазнија

По успешната есен, изненадувањето во албанскиот шампионат, екипата на Влазнија започна да се засилува како и напролет би одржала чекор со водечките екипи. Тимот кој го води македонскиот стручњак Мирсад Јонуз е посилен за дефанзивецот на Шкупи, Мевљан Адили.

Адили ја прифати понудата на Јонуз и Влазнија и по настапите во Романија и Литванија, ќе настапува и во Албанија. 25-годишниот одбранбен фудбалер роден е во Скопје, а има и два настапи за У21 националниот тим. Покрај за Шкупи, ги носеше дресовите на Шкендија, АРАД и Жалгирис.

Со Адили, македонската колонија во клубот од Скадар ќе биде побогата за уште еден член. Во есенскиот дел за екипата на Јонуз настапуваа Глигоров и Ристевски.

Влазнија презими на петтото место во шампионатот на Албанија со 23 бода, осум помалку од есенскиот првак Кукеши.