• Горан Упале

Узбекистанскиот фудбалер Абдукодир Хусанов е нов член на Манчестер Сити, соопшти денес англискиот шампион.
Овој 20-годишен стопер доаѓа од француски Ленс, клуб за кој одигра 31 натпревар. Тој потпиша договор со Сити до летото 2029 година. Пред Ленс играше за белорускиот клуб Енергетик-БГУ, а за репрезентацијата на Узбекистан забележа осумнаесет настапи.
Welcome, Abdukodir pic.twitter.com/Y6X88GB79O
— Manchester City (@ManCity) January 20, 2025
Со тоа Абдукодир станува првиот играч од Узбекистан што ќе игра во англиската Премиер лига.
„Среќен што му се приклучувам на Манчестер Сити, клуб во кој уживав да го гледам долго време. Овој тим е полн со најдобри играчи во светот и едвај чекам да ги запознаам и да играм со нив. И секако Пеп Гвардиола е еден од најголемите менаџери досега и многу сум возбуден што ќе учам од него и уште повеќе ќе ја подобрувам мојата игра“, рече Хусанов.
Следниот натпревар Манчестер Сити го игра в среда и во рамките седмото коло од Лигата на шампионите му гостува на Пари Сен Жермен. Сити во досегашниот дел од натпреварувањето освои осум бода и се наоѓа на 22-то место на две кола пред крајот на лигашката фаза.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.