ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Умит Каран го потврди тимот, Станков стартер во Пјуник

Умит Каран скоро ништо не промени од стартниот тим кој од Ерменија донесе 3-3 против Пјуник. Ламине е единствената новина, а во тимот секако се и двајцата стрелци од пред една недела Бајрами и Илиески.

Кај Пјуник, од првата минута натпреварот ќе го почне македонскиот интернационалец Антонио Станков.

Шкупи:
Тулио, Ѓорѓиевски, Бајрами, Адили, Жуниор, Ламине, Умар, Билали, Илиески, Исмаили, Јурина

Пјуник:
Драгојевиќ, Манучариан, Мртхиан, Симониан, Станков, Мираниан, Варданиан, Едигариан, Марку, Жестоков, Шевчук

Виталиј Романов од Украина ќе ја дели правдата, а се предвидуваат преку 10.000 гледачи на „Тодор Проески“.