ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Кореа е изненадувањето на Симеоне, Гарсија без Митроглу

На еден час пред почетокот на финалето на Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид, поззнати се официјалните состави на двајцата тренери Руди Гарсија и Диего Симеоне. Аргентинскиот стручњак се определи за тројца напаѓачи, а францускиот претставник ќе почне без Гркот Митроглу во нападот, туку со малиот Жермен како најистурен шпиц играч.

Олимпик Марсеј:

Манданда, Окампос, Сансон, Паје, Сар, Амави, Луис Густаво, Рами, Товен, Жермен, Ангуша 

Атлетико Мадрид: 

Облак, Годин, Коке, Гризман, Саул, Кореа, Габи, Вршаљко, Диего Коста, Лукас, Хименез

Натпреварот ќе го води Кујперс од Холандија, а сите билети одамна се продадени.