ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Четворица Бразилци во стартниот тим на „лавовите“ во Ерменија

Вториот ерменско-македонски дуел во квалификациите на Лига Европа, пресметката меѓу Алашкерт и Македонија Ѓорче Петров со големо нетрпение се очекува во двете земји. Веќе се официјализирани двата тима, а Таневски не изненади со тимот и ги извади 11-те најавени фудбалери.

Четворица Бразилци ќе ги предводат „лавовите“, а капитенската трака е на раката на Боби Божиновски

Алашкерт
Чанчаревиќ, Восканиан, Исканиан, Дагбашиан, Марметини, Хајрапетиан, Ненадовиќ, Секулиќ, Танков, Григориан, Мкојан

Македонија ЃП:
Јовановски, Фернандо, Нето, Мишевски, Божиновски, Да Силва, Пецов, Демир, Филиповски, Карваљо, Тантуровски

Натпреварот на „Академи стадиум“ ќе го води Нетан Вербомен од Белгија. Возвратниот дуел се игра следниот четврток во Скопје.