ВИДЕО: Офанзивен рецитал на „азурите“, Мексико славеше среде Амстердам

Италија ја запиша најубедливата победа во богатата програма пријателски натпревари. „Азурите“ беа немилосрдни против Молдавија и постигнаа шест гола во мрежата на гоститев (6-0).

Кристанте и Капуто отворија, пред паузата Ел Шарави двапати се запиша во листата на стрелци, а мизерното прво полувреме за молдавските репрезентативци го заокружи автоголот на Посмац. До крајот се играше рутински од страна на фаворитот, кој со голот на Берарди стави точка на одличната вечер во Фиренца.

  • Италија - Молдавија 6-0:

Изненадување приреди Мексико на гостувањето кај Холандија (0-1). Јужноамериканците го постигнаа единствениот погодок на „Јохан Кројф Арена“ преку Раул Хименез, кој реализира пенал во вториот дел од натпреварот.

  • Холандија - Мексико 0-1:

Репрезентацијата на Германија прими погодок во надополнувањето и ремизираше против Турција (3-3). Избраниците на Шенол Гунеш одиграа храбри 90 минути и успеаја да извлечат поволен резултат и покрај головите на Туфан, Карака и Караман. 

  • Германија - Турција 3-3:

Разочарување донесе големото дерби на вечерта меѓу Португалија и Шпанија (0-0). Ѕвездите на двете репрезентации одиграа неефикасно. Кристијано Роналдо ја погоди пречката и беше најблиску да го промени почетниот резултат.

  • Португалија - Шпанија 0-0:

На останатите натпревари, Полска немаше проблеми со Финска (5-1), Словенија очекувано го надигра Сан Марино (4-0), а Хрватска беше подобра од Швајцарија (1-2).