ВИДЕО: Офанзивата се покажа на дело, Сосиедад преку Бетис стана лидер

Реал Сосиедад и покрај неколкуте отсуства одигра моќен натпревар во офанзивата, славеше кај Реал Бетис (0-3) и скокна на врвот во шпанска Примера.

  • Бетис - Реал Сосиедад 0-2:

Гостинот го покажа нападот на дело и предводен од најдобрите фудбалери ги запиша посакуваните три бода. Се играше мирно 43. минути, стартот не наговестуваше дуел со три гола, ама потоа следеше одличната партија на Сосиедад.

Резултатот се отвори во 43. минута, кога погоди крилото Порту по една одлична тимска акција. По неколку закани на Бетис во второто полувреме, предноста ја зголеми Ојарзабал од пенал, а точка стави Аднан Јанузај во 88. минута.

Елче дојде до победа кај Алавес (0-2) и го изненади домаќинот. Творци на овој триумф беа Миља и Тете. Првиот погоди во 39. минута, додека вториот гол пристигна пред крајот на средбата во Виторија.

  • Алавес - Елче 0-2: 

Хуеска и Ваљадолид одиграа меч со четири гола (2-2), но без победник. Гонзалез и Рубил стрелаа за гостите за предност од 0-2, а Мир и Рамирез возвратија за реми на „Естадио Ел Алкораз“.

  • Хуеска - Ваљадолид 2-2: 

Победниците на денешните дерби дуели, Реал Сосиедад и Виљареал се нови лидери во Примера со по 11 бода од шест одиграни натпревари.