• Горан Упале

Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради својата игра, туку поради инцидентот што се случи по натпреварот меѓу Сантос и Ремо во бразилскиот Куп.
По победата на Сантос од 1-0, со која тимот обезбеди пласман во четвртфиналето, искусниот напаѓач влезе во жестока вербална расправија со членови на управата на Ремо во тунелот што води кон соблекувалните. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како Нејмар со викање и пцовки им возвраќа на провокациите, а во еден момент им порача и: „Од...те“.
Тензиите дополнително ескалирале кога дел од навивачите и претставниците на Ремо урнале дел од заштитната ограда пред соблекувалната на Сантос, по што морало да интервенира обезбедувањето.
Нејмар на теренот влезе во второто полувреме и токму тој ја запиша асистенцијата за единствениот гол на натпреварот, со кој Сантос го потврди пласманот меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето.

