Одредени судиите за европските настапи на Шкупи и Шкендија

Европската фудбалка унија (УЕФА) ги одреди официјалните лица на натпреварите од евро-куповите следната недела. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на реванш натпреварите на Шкупи против Шамрок Роверс и Шкендија против АИК идната недела во Скопје.

Шкупи во вторник од 21:00 часот го пречекува ирски Шамрок со негатива од 3-1 во реваншот од третото квалификациско коло во Лига Европа, а за главен судија на натпреварот е назначен Алексеј Булбаков од Белорусија.

Два дена подоцна Шкендија, исто така, на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува шведски АИК Стокхолм во реванш натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига, по нерешените 1-1 во Стокхолм.

За главен судија на реваншот во Скопје е назначен Доналд Робертсон од Шкотска.