• Иван Димовски

Фудбалската федерација на Македонија ја утврди ждрепката за 1/16-финалето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27.
Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека актуелниот освојувач на Купот, Силекс, е слободен и директно ќе настапи во 1/8-финалето.
- Парови во првата рунда на Купот:
Овче Поле Свети Николе – Вардар
Победа Валандово – Струга Трим Лум
Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930
Могила 2023 – Арсими 1973
БВК Коњаре – Башкими 1947
Студеничани – Пелистер
Венец Неготино – Брера Струмица
Влазними Јуниор – Македонија Ѓорче Петров
Вардар Неготино – Работнички
Каменица Саса – Шкупи 1927
Тетекс – Брегалница
Кожуф Гевгелија – Скопје
Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица
Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат на 1 или 2 септември 2026 година. Исклучок ќе бидат дуелите меѓу Крошу Спорт Битола со Тиквеш и Могила против Арсими, кои ќе се играат на 24 септември поради учеството на селекција од Битола на квалификациите за УЕФА Регионалниот куп во Босна и Херцеговина.
Според пропозициите за Купот на Македонија за сезоната 2026/27, до финалето ќе се игра само еден натпревар, без реванш-средби. Доколку натпреварот заврши без победник по 90 минути, веднаш ќе се изведуваат пенали. Домаќините ќе можат да ги организираат натпреварите на стадиони кои се одобрени најмалку за одигрување натпревари од Втора МФЛ.



