Одредени цените на билетите за историскиот натпревар против Косово

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на нации меѓу македонската репрезентација и селекцијата на Косово. За натпреварот кој ќе се одигра на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“, билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари.

Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“.

Се претпоставува дека нашиот најголем стадион ќе биде исполнет до последното место, а најавено е присуство и на навивачи на косовската репрезентација. Овој натпревар по многу нешта ќе биде историски и за првпат во Македонија ќе се користи ВАР-технологијата. 

Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот од квалификациите за ЕП меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Израел. Цената на билет за дуелот кој се игра на 26 март на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе изнесува 50 денари.