• Иван Димовски

Големото невреме во Ливерпул го одложи „Дербито на Мерсисајд“ кое требаше да се одигра на 7 декември.
Евертон требаше да го дочека градскиот ривал Ливерпул на „Гудисон Парк“, а средбата беше одложена поради лошото време. Поради згуснатиот распоред особено на „црвените“ се бараше повеќе од еден месец се бараше нов термин за натпреварот.
Сега е соопштено дека дербито на Ливерпул ќе се одигра на 12 февруари (среда) веројатно во вечерен термин.