Одреден датумот за одложеното дерби меѓу Јувентус и Наполи

Одложеното дерби меѓу Наполи и Јувентус, кое требаше да се игра на четврти октомври крена многу прашина. Прво „старата дама“ доби службена победа од 3-0, за на „зелена маса“ да биде поништена одлуката и да се одлучи дека натпреварот ќе се игра. 

Наполи во октомври не доби дозвола од локалните власти да отпатува во Торино, па Јуве заработи победа. Сепак, долго не се знаеше иднината на мечот, а сега е одлучено истиот да се одигра на 17 март. 

По елиминацијата на Наполи од Лигата на Европа, за нив овој термин е слободен, а Јувентус претходната седмица игра во Лигата на шампионите, па на 17 март во четврток веројатно со почеток од 18:45 часот, ќе се одигра заостанатото дерби.