Одново одложен меч на Ајакс, причината пак е бизарна

Фудбалерите на Ајакс уште еднаш на стартот на сезоната имаат одложен натпревар во Ередивизие. 

Се работи за средбата која требаше в недела да се одигра на „Јохан Кројф Арената“ меѓу Ајакс и Утрехт. Сепак, плановите нема да се исполнат, а одново причината е бизарна и се работи за безбедносни потешкотии. 

„Сигурноста на играчите, навивачите и јавниот ред и мир не можат да бидат обезбедени без напорите на полицијата. Се зборуваше за мечот да се игра зад затворени врати, но и тогаш постои ризик од немири, неодговорно би било да се организаира натпревар“, соопши градската управа на Амстердам. 

Проблем прави штрајкот на холандската полиција кој е стациониран во Амстердам. 

Веќе на Ајакс му беше одложен еден натпревар и тоа дербито против Феенорд во Ротердам, па ова ќе му биде втор неодигран меч на стартот на сезоната.