Однесувањето на хрватските фанови доведе до нова казна од УЕФА

Дисциплинскиот комитет на УЕФА ја казни Хрватската фудбалска федерација со 48.500 швајцарски франци поради несоодветно однесување на некои навивачи за време на натпреварите против Чешка и Гибралтар во квалификациите за Светското првенство. 

Федерацијата беше казнета со 41.000 швајцарски франци за фрлање разни предмети и употреба на пиротехнички средства од страна на навивачите за време на натпреварот во Прага на 9 октомври. 

Исто така доби и казна од 7.500 швајцарски франци за втрчување на некои навивачи на теренот по натпреварот против Гибралтар, одигран на 12 октомври во Вараждин.

Хрватска е прва на табелата во Групата Л со 16 бода од шест натпревари, по неа е Чешка со 13 бода и натпревар помалку. Фарските Острови се трети со 12 бода од седум натпревари.

ФОТО/PHOTO: Gojko Mitic