ВИДЕО: Однесување на Меси кое ги крши срцата на сите каталонски фанови

Меси тренинг

Кариерата на Лионел Меси во Барселона се чини е готова. Однесувањето на првата ѕвезда на каталонскиот тим кажува доволно како се чувствува во последната година од својот договор.

Налето Аргентинецот ќе биде слободен агент и ќе бара излез од „Камп Ноу“. Ќе се обиде да најде нов предизвик, кој ќе му даде мотивација во последната фаза од неговата фудбалска авантура.

Оваа недела нема да игра против Динамо Киев и ќе добие заслужен одмор поради густиот распоред. Така најави тренерот Роналд Куман, кој вели дека односот со најдобриот фудбалер на екипата е стабилен.

Меѓутоа така не кажува глетката од последниот тренинг, на кој Меси цело време е одвоен од групата и речиси и да не обрнува никакво внимание на советите и зборовите на холандскиот стратег.

Ваквото видео е тешко за гледање за сите каталонски фанови, кои никако не можат да ја прифатат реалноста дека аргентинскиот ас сака да си замине и дека повеќе не е среќен во Барса.