• Зоран Мишевски
Динамо Киев го освои првиот трофеј во новата сезона, со новиот тренер Мирчеа Луческу, откако во Суперкупот го совлада Шахтјор со 3-1 (2-1). Ова првенствено е личен триумф за славниот романски тренер, кој го тренираше Шахтјор во најплодниот период на клубот.
Динамо го реши натпреварот во првиот половина час. Тимот од Киев постигна два гола за само единаесет минути. Прво, во 20. минута Де Пена го донесе водството, а во 31. минута зголеми Родригез. Шахтјор успеа да намали со голот на Мораеш во 37. минута. Динамо вешто ја задржа минималната предност, а потоа во 83. минута го зададе последниот удар и преку Сол и стигнаа до трофејот.
- Извештај од натпреварот:
Тимот од Киев го одбрани трофејот во Суперкупот освоен минатата година и ова е деветти во клупската историја