Одлука на ФИФА која предизвика нови бурни реакции, еве кои ќе им судат на Франција - Мароко

ФИФА ги објави судиите за првото четвртфинале на Светското првенство меѓу Франција и Мароко, а одлуката предизвика бројни реакции во јавноста.

Главен судија на натпреварот ќе биде Аргентинецот Факундо Тељо, а целата судиска екипа исто така доаѓа од Аргентина. Негови помошници ќе бидат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде, четврти судија е Дарио Ерера, додека резервен асистент ќе биде Кристијан Наваро.

Ваквиот избор на ФИФА отвори бројни дискусии на социјалните мрежи, особено поради можноста Аргентина да се сретне со победникот од овој дуел во евентуалното финале. Поради тоа, секоја судиска одлука на мечот меѓу Франција и Мароко сигурно ќе биде под лупа на фудбалската јавност.