• Мартин Танасковски
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по препорака на Министерството за Внатрешни работи (МВР) го одложи викенд-колото во Првата македонска фудбалска лига, а има и уште една новост.
Комисијата за натпревари објави дека во овој период не е безбедно да се игра прволигашки фудбал, поради неодамнешните случувања во Скопје, Тетово и Куманово, во кои беше запалено македонското знаме.
Воедно, натпреварите кои ќе се играат во вторник ќе бидат без присуство на публика. Известување е испратено до сите клубови-домаќини. Дуелите во ПМФЛ се играат во вторник од 13:00 часот.