Одложено воведувањето на полуавтоматски офсајд во Премиер лигата

Челниците на англиската Премиер лига официјално соопштија дека воведувањето на полуавтоматскиот офсајд се одложува за почетокот на следната сезона. 

Првичниот план беше овој систем да функционира по завршувањето на јануарскиот преоден рок, но новата одлука го одложува имплементирањето до следната година. Генералната оценка била дека во моментов полуавтоматскиот офсајд трае предолго, а Премиер лигата сака овој процес да не биде подолг од максимум 30 секунди. 

Ангажираните програмери веќе работат на усовршување на технологијата, по што ќе биде познато кога официјално овој систем ќе биде воведен во најсилната фудбалска лига на стариот континент.