Одложените калчо средби го добија новиот термин за одигрување

Четирите натпревари од 33. коло во италијанската Серија А закажани за денеска се одложени поради смртта на папата Франциско.

Натпреварите Каљари – Фиорентина, ЏеноваЛацио, ПармаЈувентус и ТориноУдинезе се презакажани за среда на 23 април од 18 часот и 30 минути, соопшти Серија А.

Така овие натпревари ќе се играат во ист ден со реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија меѓу Интер и Милан кој е закажан за 21 часот.