• Сашо Поповски

Зголемениот број на заразени во Премиер лигата досега предизвика откажување на четири натпревари.
Пандемијата и оваа сезона прави проблеми во организацијата на спортските настани ширум светот. Непосредно пред крајот на календарската година со предизвици се соочува и англискиот шампионат.
Според последните пишувања на медиумите на Островот, неколку премиерлигаши побарале да се стопира првенството до Нова Година. Со тоа се очекува да се намали бројката заразени меѓу членовите на екипите.
Досега се одложени дуелите Брентфорд - Манчестер Јунајтед, Барнли - Вотфорд и Лестер Сити - Тотенхем, а сега е потврдено дека и натпреварот в сабота меѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон нема да се одигра.
The Premier League have confirmed that Saturday's fixture with Brighton has been postponed.#MUFC | #MUNBHA
— Manchester United (@ManUtd) December 16, 2021