Одложен натпревар од ЛЕ, ПСВ нема да му гостува на Арсенал в четврток

Смртта на кралицата на Обединетото кралство, Елизабета Втора, ги натера тамошните спортски колективи да ги одложат своите натпревари викендов. Сепак, тој тренд продолжува и преку оваа седмица со обврските во евро-куповите. 

Откако натпреварот меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи беше преместен од вторник за среда, таква судбина ќе има и судирот на Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа. УЕФА објави дека дуелот кој требаше да се игра на „Емирати“, ќе добие нов термин кој нема да биде оваа седмица. 

Причината е слична како онаа за одложувањето на дуелот во Лигата на шампионите, властите се преокупирани со протоколите и организациите околу смртта на кралицата. УЕФА потврди дека нов датум за мечот ќе се потврди во следниот период.