• Саше Љолес
Францускиот репрезентативец Лука Дињ е на чекор до трансфер во актуелниот европски шампион, ПСЖ, пренесуваат француските медиуми.
Искусниот лев бек на Астон Вила веќе преговара со „светците“ од Париз, а тренерот Луис Енрике го гледа како идеална алтернатива за Нуно Мендеш на левата бековска позиција.
Французинот наскоро ќе наполни 33 години, а во неговиот договор со Астон Вила има откупна клаузула од 10 милиони евра, сума што не претставува никаква пречка за ПСЖ.
Дињ е член на Вила од 2022 година, кога пристигна од Евертон во трансфер вреден околу 30 милиони евра. Доколку договорот биде реализиран, искусниот дефанзивец за првпат во кариерата ќе го облече дресот на ПСЖ.
Минатата сезона Дињ беше еден од најстандардните играчи на Астон Вила, одигрувајќи 44 натпревари на кои запиша седум асистенции. Се претпоставува дека трансферот во ПСЖ ќе се реализира веднаш по завршувањето на Светското првенство.








