Одличните игри го сторија своето: Станишиќ експресно назад во Баерн

Хрватскиот репрезентативец, Јосип Станишиќ, се враќа во Баерн Минхен и од следната сезона одново ќе настапува за најтрофејниот германски тим. 

Станишиќ одигра одлична сезона на позајмица во Баер Леверкузен (ја освои титулата во Бундеслигата) и беше еден најстандардните во тимот на Чаби Алонсо. Одигра вкупно 38 натпревари, четири пати беше стрелец, а исто така имаше и шест асистенции. 

Сите овие бројки беа повеќе од доволна причина за Баерн да го врати во своите редови, каде следната сезона веројатно ќе има значително посериозна улога во ротацијата на новиот тренер, Винсент Компани.

Хрватот од 2021 година е под договор со баварскиот клуб.