Одлични вести од Рома: Еван Ндика пуштен од болница

Одлични вести соопшти фудбалскиот клуб Рома, а поврзани со состојбата на дефанзивецот Еван Ндика. Тој за време на натпреварот против Удинезе во 70 минута падна на тревникот и сите се преплашија од најцрното сценарио.

Сепак, докторите утврдија дека не се работеше за срцев удар и состојбата на фудбалерот набргу се стабилизира. Дополнителните испитувања ќе бидат направени во текот на следниот период, ама одлична вест е дека Ндика нема срцев проблем и веќе е пуштен од болницата во Фиренца. 

Лекувањето и испитувањата ќе продолжат во Рим, меѓутоа неговата состојба е стабилна и е надвор од опасност. 

Рома веќе мора да се насочи кон следниот предизвик, реванш дуелот во четвртфиналето од Лигата на Европа против Милан на „Олимпико“. Што се однесува до мечот со Удинезе, се очекува одлуката.