• Саше Љолес
Екипата на Валенсија не успеа да го наиигра последнопласираниот Овиедо и запиша минимален пораз со конечни 1-0 (1-0) во натпреварот од 28. коло на шпанската Примера.
- Извештај од натпреварот:
Домаќинот ги освои трите бода со единствениот погодок на Давид Костас, кој го „матираше“ Столе Димитриевски во 30. минута. Репрезентативната „единица“ имаше одличен настап и во неколку наврати го спасуваше својот тим, но неговите соиграчи немаа многу идеи на спротивната страна од теренот.
Валенсија во финишот притисна со сите сили и се обиде да дојде барем до израмнување, но Овиедо успеа да го заокружи триумфот со кој останува „фенерџија“ во елитата, но сега има само пет бода помалку од Мајорка, која е прва над опасната зона.
Во следното коло, Валенсија гостува во Андалузија кај Севиља, а Овиедо ќе има нова шанса за бодови, затоа што се среќава со екипата на Леванте.











