ВИДЕО: Одличната партија на Леао недоволна за триумф над Аталанта

Екипата на Милан ја пречека Аталанта во 26. коло од италијанската Серија А и на својот „Сан Сиро“ ремизираше со конечни 1-1 (1-1) и покрај поголемата теренска иницијатива. „Росонерите“ имаа повеќе од играта, но за жал, не успеаја да ги израдуваат навивачите со освојување на целиот плен. 

  • Извештај од натпреварот: 

Мечот започна во знакот на домашниот тим, а навивачите паднаа во делириум уште во третата минута, кога Рафаел Леао постигна спектакуларен гол за водство од 0-1. Португалецот со луциден удар биеше од левиот агол и донесе предност за „росонерите“.

Аталанта не беше воопшто наивна и се обиде да возврати до крајот на првиот дел, а тоа ѝ успеа преку пенал, кој прецизцно го реализираше Теун Копмајнерс во 44. минута. На паузата резултатот гласеше 1-1. 

Второто полувреме повторно донесе иницијатива на миланезите, Леао го имаше насекаде на теренот и се обидуваше да ги разигра своите соиграчи, но Милан никако не успеваше да дојде до нов погодок. Одлична шанса имаше и Кристијан Пулишиќ во 70. минута, но мрежата на Аталанта мируваше. 

Последните 15 минути не донесоа премногу возбуда на двете страни, иако Милан се обидуваше да дојде до ново водство преку Лофтус-Чик и Леао, но резултатот до крајот остана непроменет и натпреварот заврши со конечен резултат 1-1. Милан направи чекор назад во однос на Јувентус и сега има четири бода заостанување, додека Аталанта останува на петтата позиција со 46 бодови на своето конто. 

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Gian Piero Gasperini

    3-4-1-2