• Иван Димовски

Душан Влаховиќ успеа да ја крене формата и оваа сезона е најдобриот играч на Јувентус во Серија А. Со девет погодоци на последните седум натпревари Србинот во моментов е „ударна игла“ на тимот на Масимлијано Алегри.
Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, Влаховиќ му дал зелено светло на својот агент да седне на маса и да разговара за продолжување на договорот кој му важи до 2026 година. Првичните контакти со спортскиот директор Кристијан Џунтоли се позитивни и се очекува преговорите да продолжат.
Новиот договор би требало да биде во важност до 2028 година, а според него Влаховиќ ќе стане најплатен во Серија А со плата од околу 12 милиони евра. Неодамна приматот во калчото го презеде Виктор Осимен кој добива околу десет милиони, меѓутоа новиот договор за Србинот со сигурост ќе го надмине.
Инаку, сезонава Душан Влаховиќ за Јувентус постигна 15 погодоци.