• Горан Упале
Фудбалерите на Барселона уште во првиот натпревар пред својата публика го решија најголемиот дел од работата за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако Борусија Дортмунд ја совладаа со убедливи 4-0.
Сепак, реваншот во Дортмунд се сфаќа многу сериозно, па тренерот Ханси Флик на патување однесе 23 играчи. На списокот го нема повредениот лев бек Алехандро Балде, но добра вест за германскиот стратег е што во тимот повторно ќе го има Дани Олмо.
The squad list for Dortmund! #BVBBarça pic.twitter.com/rXBPuWCk5K
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 14, 2025
Шпанскиот интернационалец се повреди пред неколку недели, но веќе е во тренажен процес и отпатува за Германија и многу веројатно ќе добие минутажа во финишот доколку резултатот биде позитивен за Каталонците.
Реванш натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ се игра во вторник, со почеток од 21:00 часот.