Одлична вест од Франција: Голманот на ПСЖ кој беше во кома доби дозвола да тренира

Француските медиуми ја израдуваа фудбалската јавност, бидејќи објавија дека голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико добил лекарска дозвола да се врати на теренот.

Шпанецот во мај минатата година имаше страшна несреќа јавајќи во Андалузија. Тој ги скрши пршлените на вратот и доживеа мозочен удар.

Рико беше во кома 36 дена, а во болница помина околу два месеци. За среќа, сè се заврши добро. Сега е подготвен да му се врати на фудбалот, да почне да работи индивидуално, а доколку сè биде според планираното, можеби ќе може да застане на голот на парижаните веќе оваа сезона.

Пред ПСЖ, Рико настапуваше за Севиља, Фулам и Мајорка.