Одлична партија на Митровски: Гол и неколку шанси за триумф над Рудеш (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вараждин победија по пауза од два натпревари во Првата лига на Хрватска, на свој терен против Рудеш со 1-0. Човек на одлука беше македонскиот репрезентативец Димитар Митровски, кој одигра одлична партија против „фенерџијата“ во лигата. 

Митровски беше меѓу најрасположените во својот тим, имаше две големи шанси и удари кои со доста потешкотии ги скроти голманот Марковиќ. Својата шанса да го реши мечот Македонецот ја дочека во 68. минута, доби нафрлување од Вукчевиќ и со глава стрела за 1-0. 

  • Погодокот на Митровски против Рудеш:

Ова беше трет сезонски погодок на Димитар Митровски за Вараждин, а претходните два ги даде на стартот на сезоната против Славен Белупо и Локомотива. 

Состави

Nikola Safaric

4-4-2

    Davor Mladina

    4-4-2