ВИДЕО: Одличен меч за Барди – изнуди автогол и асистираше во „покерот“ на Леванте

Фудбалерите на Леванте, во последниот денешен натпревар од 34. коло во Примера славеа убедлива победа против Бетис со 4-0 (2-0) и ја прекинаа серијата од девет натпревари без победа.

  • Извештај од натпреварот:

Oд самиот старт започна Енис Барди, кој одигра одличен натпревар и беше еден од најзаслужните за победата на својот тим. Нашиот репрезентативец најпрво во финишот на првиот дел изнуди автогол на Лорен за водство на својот тим од 2-0, а во финишот на мечот и асистираше при погодокот на Коке за конечни 4-0.

Голот за водство на Леванте го постигна Кампања уште во 9. минута, а за комотни 3-0 во вториот дел се погрижи Моралес, кој во 56. минута успешно го реализираше ударот од белата точка. По денешните три бода тимот на Леванте побегна од опасната зона и сега се наоѓа на 14. место со три бода предност пред тимот на Џирона.

Атлетик Билбао на гостински терен го совлада Леганес со 0-1 и се доближи на само пет бода од тимот на Хетафе, кој се наоѓа на место кое носи пласман во Лигата на шампионите. Стрелец на победоносниот гол за Баскијците беше Ен Несири, кој ја затресе сопствената мрежа.

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот на „Корнеља Ел Прат“ во Барселона меѓу Еспањол и Селта Виго заврши без победник (1-1), а стрелци на головите беа Кинезот Ву за домаќините и Уругавецот Гомез за гостите.

  • Извештај од натпреварот: