„Одиме на ЕП!“: Погледнете го спотот на навивачката химна на Македонија! (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“ која е во изведба на групата ВИС Рисови и претставува најава на деби-учеството на нашиот национален тим на еден голем настан.

Сениорскиот тим ќе биде дел од ЕП 2020 кое ќе се одржи во повеќе земји, а токму затоа направена е навивачка химна за да се крева атмосферата и еуфоријата. Македонија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина, а групите се во Букурешт и Амстердам.

Како изгледа спотот на навивачката химна, погледнете во продолжение...