Одговор за Роналдо по инцидентот на „Гудисон Парк: Мисли ако се вика Кристијано...

Роналдо рака

Кристијано Роналдо направи лош потег по натпреварот кај Евертон, кој Манчестер Јунајтед го загуби со минимален резултат. 

Гневен од конечниот исход, Португалецот избувна и при излегување од теренот на „Гудисон Парк“ му го турна телефонот од рацете на мало дете. 14-годишникот, поточно неговата мајка, му одговори на фудбалерот на „црвените ѓаволи“, кој потоа се извини и го повика да дојде на „Олд Трафорд“ за да гледа натпревар како специјален гостин.

„Тој мисли дека ако се вика Кристијано Роналдо, може да го удри по раката и да го покани на вечера. Како да му должиме услуга, но извини, не му должиме ништо.

Џејк јасно стави до знаење дека не сака да го гледа Роналдо, а ние тоа љубезно му го посочивме на Манчестер Јунајтед. Ова не се мои зборови, тоа се зборови на мојот син“, порача Сара, мајката на детето.

Фудбалерите на Евертон, поточно Џордан Пикфорд и Ричарлисон, ја исправија грешката на Роналдо и му подарија дрес со нивни автограми.