Oдбројувањето за ЕП заврши: Тоти и Неста ја отворија церемонијата во Рим! (ФОТО)

Одбројувањето до 16-тото Европско првенство заврши, Италија и Турција го отворија турнирот со премиерниот натпревар на „Олимпико“ во Рим. 

Традиционално, пред дуелот се одржа и свечена церемонија со која се означи и официјален старт на турнирот. Италијанските легенди, Франческо Тоти и Алесандро Неста беа луѓето кои ја отворија церемонијата во главниот град на „чизмата“. 

  • Отворање на свечената церемонија: 

По нив, традиционално се прикажуваа знамиња, официјалната песна, интересни анимации и многу други детали. Покрај тоа, изведба во живо имаше класичниот пејач, Андреа Бочели, пред изведувањето на официјалната мелодија на Европското првенство од Мартин Гарикс.