• Редакција Gol.mk

Македонија има плеада одлични млади голмани и во Првата и во Втората лига и од недела во недела некој од нив остава трага врз натпреварите. Последен во оваа категорија е Никола Филевски, кој се истакна во победата на Бррегалница Штип во Радовиш.
Имено, тимот на Костов славеше против Детонит Плачковица со 0-1, а одбраните на Филевски ги оставија штипските „сини“ на чело на табелата.
Со Филевски и Купанов екипата на Брегалница има неспорен квалитет, исто како што во Првата лига блескаат Џеков, Јовчевски, Тасев...

