ВИДЕО: Одбранбена формација како од учебниците, еве како Лацио спаси пораз од Аталанта

Лацио

Фудбалерите на Лацио одиграа херојски во вториот дел и спасија бод на домашниот натпревар против Аталанта.

Чиро Имобиле од пенал ја анулира високата негатива од 0-3 по првите 45 минути и од пенал погоди за конечни 3-3. Меѓутоа, гостите од Бергамо имаа голема шанса пред израмнувачкиот гол да го докрајчат противникот.

Домашната одбрана одигра една од подобрите дефанзивни акции оваа сезона и спречија неколку зицери, а за тоа добија громогласен аплауз од „Олимпико“.

Погледнете како дефанзивците на Лацио спречија пораз: